Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз почна да му се заканува на Новак Ѓоковиќ пред почетокот на новата сезона.
Ѓоковиќ доминираше и оваа година во светот на тенисот, при што освои три гренслем-титули и заврши прв на АТП-листата.
Алкараз кажа дека негова желба е да ја запре доминацијата на Србинот, кој следната сезона сака да ги освои сите четири гренслем-турнири.
„Новак најави дека ќе оди на сите титули следната сезона, како и златен медал на Олимписките игри. Ние сме тука да го спречиме во тоа. Сакам да ја запрам доминацијата на Ѓоковиќ. Имав добра прва половина од сезоната, но потоа работите тргнаа во погрешен правец“, кажа Алкараз.