Леклер: Уште како дете сонував за победа на трката во Монако


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шарл Леклер конечно успеа да триумфира во Формула 1 по долга пауза, и тоа откако беше најбрз на домашната патека во Монако.

Леклер беше емотивен за време на интервјуто и кажа дека не може да пронајде соодветни зборови за да опише како се чувствува.

„Нема зборови со кои можам да го опишам ова. Беше навистина тешко. Многу ми значи оваа победа. Уште како дете сонував за победа на трката во Монако. Мојот татко даде сè за да бидам тука“, кажа Леклер.

Возачот на Ферари во моментов е на втората позиција во Формула 1 со 138 бодови, додека лидер е Макс Ферстапен со 169 бода.