Браќата Леклер ќе возат заедно и ќе испишат историја во Формула 1


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Тркачкиот викенд во Абу Даби, последниот од актуелната сезона на Формула 1, ќе биде посебен за браќата Леклер.

Браќата Шарл и Артур ќе возат за Ферари на првиот тренинг во петок.

Ова ќе биде прв пат во историјата двајца браќа да учествуваат во една Ф1-сесија како тимски колеги.

Дваесет и четиригодишниот Артур ќе влезе на патеката во Абу Даби во болидот на Ферари, кој инаку му припаѓа на Карлос Сајнц, со што тимот од Маранело ќе ја исполни обврската да обезбеди две можности за почетници во оваа година.

Според правилата на ФИА, секој возач на тимот мора да го отстапи својот болид на еден од првите слободни тренинзи во сезоната на возач кој нема повеќе од два старта на трките.

Шарл претходно го отстапи својот место на Оливер Бирман во Мексико.