Вардар обезбеди уште еден Полјак – пристигнува Виктор Јанковски!


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Тимот на Вардар продолжува да го засилува својот состав за следните предизвици. Последното засилување е полскиот репрезентативец, Виктор Јанковски.

Овој искусен пивот, со висина од 200 сантиметри, склучи тригодишен договор со „црвено-црните“. Се очекува да има големо влијание и во нападот и во одбраната.

Јанковски се приклучува на Вардар од полскиот клуб Квиџин. Таму се издвои со своите физички способности и своите играчки квалитети.

Преходно, беше дел од угледниот полски тим Висла и веќе неколку години активно учествува во сениорската репрезентација на Полска.