Екс-Вардарката Лекиќ најави пензија на крајот од оваа сезона


Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Поранешната членка на Вардар, српската ракометарка Андреа Лекиќ, официјално соопшти дека ќе ја заврши својата успешна кариера на крајот од тековната сезона.

Преку емотивна објава на социјалните мрежи ја информираше јавноста за својата одлука да се повлече од професионалниот ракомет.

Во македонскиот ракомет, Лекиќ остави значаен печат играјќи за Вардар од 2013 до 2018 година, период кога тимот се искачи на врвот на европската сцена.

Нејзината кариера е збогатена и со игри за големи европски клубови како што се унгарскиот Ѓер, романскиот ЦСМ Букурешт, црногорската Будуќност и Ференцварош.

Фото: Принтскрин