Вардар ги доби термините за натпревари во Лига Европа


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Ракометниот тим Вардар, кој некогаш беше и македонски и европски шампион, оваа сезона ќе учествува во групната фаза на европската Лига, а денеска беше објавена и официјалната програма на натпреварите под организација на ЕХФ.

Првата средба од европската кампања „Црвено-црните“ ќе ја имаат на 14 октомври во Скопје, каде што ќе се игра пред домашната публика. Последниот меч исто така ќе се одржи на домашен терен, на 2 декември против екипата на Тулуз од Франција.

Фото: RK Vardar 1961