Ѕвезда на Реал се закани дека ќе замине ако Алонсо остане тренер


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Реал Мадрид започна силно во новата сезона, но моментално се соочува со проблеми во соблекувалната.

Според шпанските медиуми, главен извор на овие немири е бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор. Тој изразува сè поголемо незадоволство од тренерот Чаби Алонсо. Крилниот напаѓач неколкупати бурно реагирал на замените во финалите од натпреварите, иако подоцна се извинил за однесувањето, атмосферата во тимот изгледа дека не е хармонична.

Новинарот Пепе Алварез објави дека Винисиус му поставил ултиматум на претседателот Флорентино Перез: или клубот ќе се раздели со Чаби Алонсо, или тој нема да го продолжи договорот.