До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во полуфиналето на баражот за пласман на Светското првенство, Македонија ќе се спротивстави на Данска.
Термините во кои ќе се одиграат овие натпревари беа објавени од страна на УЕФА на нивниот официјален веб-сајт. Така, натпреварот меѓу Македонија и Данска е закажан за 20.45 часот.
Ако Македонија успее да ја елиминира Данска, финалето на баражот ќе се игра во истиот термин. Таму потенцијален противник ќе биде победникот од натпреварот меѓу Република Ирска и Чешка.















