Ѓоковиќ се маскира и „инкогнито“ се прошета низ Њујорк (Видео)


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ одлучил накратко да проба како е да се шета по улиците на Њујорк без да биде препознаен на секој чекор од минувачите.

За српскиот тенисер речиси е невозможно ненападно да помине низ некој од најголемите светски градови, па овој пат пронајде интересно решение.

Ѓоковиќ облече дуксер, стави капа, врз него износи качулка, и додаде очила за сонце. Според видеото кое го објави на Инстаграм, маскирањето си го направи своето и тој можеше сосема мирно да се движи низ градот.

За својата прошетка го избра местото каде што е веројатно најтешко да се избегне гужвата – познатиот Тајмс Сквер.

Погледни ја оваа објава на Instagram

Објава споделена од Новак Ѓоковиќ (@djokernole)