„Окон ќе биде одличен во Форс Индија“


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Серхио Перес верува дека неговиот нов колега, Естебан Окон ќе биде одличен во болидот на Форс Индија.

Окон ќе го замени Хулкенберг, кој ќе премине во тимот на Рено.

„Мислам дека Нико е еден од најдобрите возачи, тешко ќе биде да го замениме, но Естебан ќе биде добра замена. Тој е брз и сигурни сме дека ќе освои доволен број поени.“

Форс Индија минатата сезона имаше најдобар резултат во историјата, односно 4-то место во конкуренција на конструктори.