Клоп ќе пазарува во татковината – Ливерпул ќе добие „мотор“ во тимот!

Медиумите имаат информација дека тренерот на Ливерпул сака засилување од Лајпциг.

Одличните игри на Наби Кеита во БЛ не можеа да останат незабележани кај Клоп.

Младиот играч на Гвинеја е „мотор“ на најпријатното изненадување во БЛ во оваа сезона, па интерес постои од Ливерпул, Арсенал, Дортмунд, Баерн Минхен и уште некои клубови.

Овој играч буквално лета по теренот, дава голем доприност и во дефанзивата и во офанзивата. Ги прекинува противничкита напади, редовно добива дуели на средината на теренот, а покрај се, постигнува и голови.

Досега постигна 4 голови, меѓу кои е голот за победа против Дортмунд.

Во Лајпциг стигна минатото лето од Салцбург, како еден од најдобрите играчи.

Пред нив, тој играше за Истр од Франција, а тоа беше неговата прва дестинација во кариерата во странство.

Кеита досега одигра 12 натпревари за Гвинеја и постигна 2 голови.