УЕФА со опомена до Русија: Уште еден инцидент и дисквалификација!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


УЕФА денес испрати последна опомена до репрезентацијата на Русија, која би можела да биде исфрлена од Европското првенство поради дивеењето на нивните навивачи.

Доколку се повторат слични инциденти, Русија ќе биде исфрлена и тоа е официјалниот став на УЕФА.

Навивачите на Русија до сега учествуваа во бројни нереди низ Франција, но сега ќе мораат да се смират за доброто на нивната репрезентација.

Русија наредниот натпревар на Европското првенство го игра во Лил против селекцијата на Словачка, а тој натпревар на програмата е во среда од 15 часот.