Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Луис Хамилтон славеше голема победа на трката за Големата награда на Сингапур на патеката „Марина Беј“.
Трката ја обележа инцидентот на самиот старт по кој мораше да се откажат двата болиди на Ферари како и Макс Ферстапен.
Хамилтон во Сингапур ја забележа својата 60. победа во кариерата, а на стартот тргна од петтата позиција. Сепак, по само половина круг Британецот се најде на лидерската позиција по судирот на Раиконен, Фетел и Ферстапен.
Втор на целта заврши Даниел Рикардо, додека третото место припадна на клупскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас.
Уште на самиот старт трката се претвори во катастрофа за тимот на Ферари. На самиот почеток дојде до голем инцидент, Ферстапен се најде меѓу двата болиди на Ферари, по што Раиконен направи голема грешка го закачи младиот возач кој потоа удри и во Ферстапен.
Раиконен и Ферстапен веднаш ја завршија трката, додека Фетел продолжи, но по само еден круг доби инструкции да се откаже по видливата дупка на крилото на неговиот болид.
Хамилтон по трката во Сингапур ја зголеми предноста во генералниот пласман и сега има 28 бодови повеќе од Себастијан Фетел.