Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Легендарниот голман на Баерн Минхен, Оливер Кан, смета дека на Кристијано Роналдо му недостасува борбен дух и дека бил досаден во натпреварот против Исланд.
Роналдо не успеа да постигне погодокот, а Кан кој ги коментира натпреварите за една телевизија во Германија смета дека Португалецот бил досаден во текот на натпреварот.
“Беше непирметен. Поради начинот на кој играше и Португалија ништо не направи и останаа без бодови”- изјави Кан.
Потоа прославениот голман го коментираше настапот на Кристијано Роналдо.
“И фудбалер како Роналдо старее, така мора да разбере дека им здосади на сите. Ми се смачи да ги гледам неговите исти потези. Посебно е лошо да се гледа како се буни поради нешто кое доаѓа исклучиво од немоќта на теренот”.
“Постигна гол од одлучувакиот пенал, а потоа го искина дресот. За некој кој освоил толку трофеи во кариерата и е толку познат, можеби подобро ќе беше да им пријде на играчите на Атлетико и да ги утеши. Тоа го прават големите”– истакна Кан.