Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул синоќа го загуби дербито против Манчестер сити во Премиерлигата со 1-2 и сега има само четири бодови предност на табелата.
Сити беше подобар во текот на цел натпревар и заслужено победи, иако во 18. Минута имаше многу среќа, откако Стоунс ја извади топката од гол-линијата.
Сепак, сите немаа добар настап во дресот на Ливерпул, а „Гардијан“ го оцени настапот на сите фудбалери, па го откри и виновникот за поразот.
Според „Гардијан“, Дејан Ловрен играл ужасно во текот на целиот натпревар и доби оцена „двојка“, па сметаат дека е најголем виновник за поразот.
„Цел натпревар беше на граница на катастрофа, доби жолт картон за прекршок врз Агуеро и потоа заспа при водечкиот гол на Сити“, пишува „Гардијан“.