Алкараз избори четвртфинале во Мајами и му испрати порака на Алонсо (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз продолжува со одличните настапи и на Мастерсот во Мајами, каде што славеше против Томи Пол за место во четвртфинале.

Алкараз со 6-4 и 6-4 го декласира неговиот ривал, а потоа напиша порака на камерата, која се однесува на неговиот сонародник од Формула 1, Фернандо Алонсо.

Алонсо има 32 победи во Ф1, но неговиот Астон Мартин оваа сезона е конкурентен и делува дека може да се бори за титулата.

Тоа мислење го дели и Алкараз, па затоа испрати порака до неговиот сонародник, а таа гласи „33? Наскоро“.