Алонсо најави борба за победа во Австралија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо кажа дека ќе го нападне првото место на трката за Големата награда на Австралија.

Алонсо имаше одлични резултати во првите две трки оваа сезона, па сака да продолжи во исто темпо и идната сезона.

„Заминуваме за Австралија во одлично расположение по два пласмани на подиумот по ред и со нетрпение очекуваме да го наградиме нашиот успех овој викенд. Во исто време, не летаме во облаци и остануваме реални“, кажа Алонсо.

Алонсо е трет во генералниот пласман со 30 бодови, а пред него се Серхио Перез со 43 и Макс Ферстапен со еден бод повеќе.