Алушовски: Мило ми е што во Македонија има три квалитетни тима, но наша цел е освојување на титулите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар вчера ги почна подготовките за следната сезона и новите предизвици кои ги очекуваат, а тренерот Стевче Алушовски даде изјава за медиумите.

Освен Вардар, многу засилувања ангажираа и Еурофарм Пелистер и Металург, па следната година македонската Суперлига ќе биде драстично поинтересна.

„Мило ми е што во Македонија имаме три квалитетни тимови. Металург и Еурофарм Пелистер се многу посилни од претходните години. Нема никото да потцениме, сепак се надевам дека на крајот ќе се радуваме на титулата во македонското првенство и Купот на Македонија“, кажа Алушовски.