Алушовски: Уште еднаш покажавме дека Вардар никој не смее да го отпише!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот европски првак Вардар славеше на домашен терен против Мотор Запорожје со 32-27, а по мечот Стевче Алушовски кажа дека е задоволен со резултатот.

Алушовски беше пресреќен поради победата на Вардар и им честиташе на неговите ракометари.

„Прво честитки до моите играчи за победата, во текот на целиот натпревар бевме подобар тим од Мотор. Како што кажав и пред натпреварот, не чека борба на четири фронта и мораме да ја кренеме формата. Имавме проблеми со ростерот поради кратката ротација, но тоа го компезираме со „седум на шест“. Покажавме карактер, Вардар никогаш не смее да се отпише“, изјави Алушовски.

Вардар сега ќе се фокусира на домашното првенство каде што ќе игра против Охирд, а во СЕХА го чека уште е еден натпревар кој ќе го игра на гости со Војводина.

Фото: Денис Дуковски/РК Вардар1961