Анчелоти: Уништени сме, но трката за титулата не е готова!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид загуби од Мајорка со 0-1, а тоа може да го искористи Барселона и да ја зголеми предноста на врвот на табелата.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти е разочаран од резултатот, меѓутоа вели дека трката за титулата сè уште не е готова.

„Уништени сме. Сега мора да се фокусираме на настапот на Светското клупско првенство. Ќе се бориме за титулата до крај, ништо не е готово“, кажа Анчелоти.

Реал Мадрид е втор на табелата со 45 бодови, односно пет помалку од Барселона.