Тимур Дибиров се најде во идеалниот тим на колото во ЛШ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар успеа да слави на гостувањето кај Рајн-Некар Левен во Лигата на шампиони (ЛШ), а голема заслуга за триумфот имаше Тимур Дибиров, кој постигна дури седум голови.

Токму одличниот настап на Русинот му овозможи да се најде во идеалниот тим на 11. коло во ЛШ. Покрај него, имаше место за уште шест ракометари.

Венсан Жерар од Монпелје беше најдобар голман, најдобар лев бек беше Михаил Јурецки, а во тимот на колото беа избрани уште Барис Пухоуски, Иван Сршен, Лук Абало и Јаник Колбахер.