Кардиф поради Емилијано Сала го откажа патувањето во Тенерифе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Кардиф нема да патуваат кај Тенерифе, а така сакаат да покажат почит кон настраданиот Емилијано Сала.

Сала стана најскапото засилување на Кардиф во јануари, а само неколку дена подоцна доживеа голема несреќа, откако му се урна авионот кој патуваше над Ламанш.

Минатата недела телото на аргентинскиот фудбалер беше извлечено од трупот, а и понатаму трае потрагата по Дејвид Иботсон.

Кардиф нема да игра до 22 февруари бидејќи претстојниот викенд нема да настапи во ФА-купот.

„Клубот ми даде дозвола да го однесам тимот во Тенерифе на четири дена. Меѓутоа, по тоа што се случи во претходниот период, јас би сакал да останам со децата и сопругата“, кажа тренерот Нил Ворнок.