Резултатите од обдукцијата ја открија причината за смртта на Емилијано Сала


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако беше утврдено дека извлеченото тело од водите на Ламанш е на Емилијано Сала, денес пристигнаа и резултатите од обдукцијата кои покажаа од што починал фудбалерот кој требаше да биде засилување на Кардиф.

Фудбалерот по кој жали целиот свет починал од повреди на главата и градниот кош, а утврдено е дека Сала починал на лице место. Телото на фудбалерот е идентификувано со помош на отпечаток од прстите.

Авионот на Сала исчезна ноќта околу 20:00 часот на 21 јануари над каналот Ламанш кога фудбалерот од Нант тргна кон Кардиф каде требаше да ја продолжи својата кариера.

Инаку, телото на пилотот Давид Иботсон се уште не е пронајдено.