Љубовна приказна: Алфа Ромео го претстави новиот болид во Ф1! (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неколку екипи во Формула 1 (Ф1) веќе ги претставија нивните болити, а синоќа тоа го направи и тимот на Алфа Ромео Заубер.

Тимот кој до годинава беше познат како Заубер се соедини со Алфа Ромео, па по три децении може да се каже дека „Алфа“ повторно ќе ја гледаме во Ф1.

Алфа Ромео го претстави својот модел, а тоа помина во знак на Денот на вљубените. Тимот го претстави новиот болид наречен „љубовна приказна“ со порака „љубов на прв поглед“, а тој беше веднаш на патеката.

Честа да го тестира ја доби Кими Раиконен, возачот на Алфа Ромео.

Новата сезона во „најбрзиот циркус“ почнува на 17 март со трката за Големата награда на Австралија.