Се појави и фотографија: УЕФА не може да му го прогледа ова низ прсти на Рамос…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид остварија победа во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Тие во Амстердам славеа против Ајакс со 2:1, а покрај поништениот погодок, котроверзен потег имаше и капитенот на гостите Серхио Рамос.

Шпанецот направи фаул над Доберг кој заработи жолт картон кој значеше автоматска суспензија за реванш мечот на „Бернабеу“.

Дефанзивецот прво призна дека „би лажел ако би кажел дека не е намерно“, но потоа демантираше.

Тоа не можеше да и помине на УЕФА која најави покренување на постапка, а се би можело да биде потешко по најновата снимка на која се гледа дека Шпанецот го прашува стручниот штаб, дали да добие жолт картон.