Неверојатен податок: Дали знаете кога Суарез последен пат постигнал гол на гости во ЛШ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите напаѓачи во светот Луис Суарез игра фантастична сезона, но никако да ја прекине црната низа во ЛШ.

Иако Суарез е познат како вистинска гол машина, на гостувањата во ЛШ има неверојатни проблеми во последните неколку години.

Веројатно многумина не знаат, но Суарез нема постигнато погодок дури три и пол години на гостувањата во ЛШ. Поточно речено, Уругваецот последен пат затресе мрежа на противник на гостување во ова натпреварување на 16. септември во 2015. година кога настрада Рма. Од тогаш поминаа дури 1252 дена.

Тој за тоа време одигра 16 натпревари во гости во ЛШ, но не успеа да се запише во стрелците.

„Кога Луис Суарез е на теренот знаеме дека ќе се најде во некоја прилика. И што е поважно тоа го знаат и противниците. На натпреварот против Ваљадолид влезе 30 минути и можеше да постигне хет-трик. Луис ни е многу важен поради она што го создава за себе и околу себе“, изјави Валверде.

Да потсетиме, Барса вечервка гостува кај Лион, па Суарез ќе има прилика да ја прекине црната низа.