Цената на Бејл? Ситница…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во англиските медиуми се појавија шпекулации дека сепак Бејл би можел да си замине од Реал, соочен со нетрпеливоста од соиграчите, чинот дека не комуницира, односно се прави дека не знае шпански.

Тој освои се во дресот на Реал, но не успеа да излезе од сенката на Роналдо, а се шпекулира дека Зидан добил отказ од Перез поради одлуката да го продаде Португалецот, а не Велшанецот.

Се споменуваше враќање во ПЛ, дури и размена за Азар, па потоа ПСЖ, но на крајот веројатно од сево ова нема да се случи ништо.

Прво, самиот Бејл не сака да си оди од Мадрид, второ, тешко дека некаде ќе добир 15 милиони нето, освен можеби во Франција, а некои говорат дека сака да игра во посилна лига.

Јувентус кој се појавуваше како опција нема пари за Велшанецот, а сега се зборува дека Реал би побарал 150 милиони евра или Дибала плус пари за Бејл.

Се чини дека трансфер нема да се случи и дека Британецот ќе остане во Мадрид.