Каква провокација: Кој е „деветка“ во Интер, Мауро Икарди или Макси Лопез?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во тимот на Интер во конкуренција за мечот против Рапид повторно не беше Мауро Икарди кој го пропушти веќе третиот меч за својот тим откако минатата недела му беше одземена капитенската лента.

Иако се правдаше дека е повреден на крајот се докажа дека не е вистина, но сеедно и вечерва не играше.

Меѓутиа, Икарди со својата сопруга Ванда повторно беше на трибините на Меаца и добија жестоки свирежи од навивачите на Интер. Тие ја укривуваат токму Ванда која е крива за се бидејќи наводно таа му дава погрешни совети околу новиот договор.

Еден од навивачите на Интер и тоа како жестоко го испровоцира овој пар, а посебно Ванда. Имено, преку дресот на Икарди го залепил Макси Лопез, алудирајќи на поранешниот маж на Ванда која го остави поради Икарди.

Приказната за тој скандал на сите им е добро позната.