Фудбалер на Јунајтед за мечот против ПСЖ се „загреваше“ во – козметички салон! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед во Париз патува на реваншот од осминафиналето во Лигата на шампиони и се наоѓа во тешка ситуација затоа што Парижаните славеа со 2-0 на „Олд Трафорд“.

Јунајтед во среда игра против ПСЖ во Париз и има тешка задача затоа што брка два гола негатива. Сепак, добра информација за тренерот Оле Гунар Солскјер е тоа што снеговите фудбалери нема лесно да се откажат.

Во понеделник фудбалерите имаа слободен ден, а секој имаше свои обврски. Напаѓачот Ромелу Лукаку шеташе по булевар и постојано гледаше во мобилниот.

Неговиот соиграч, Диого Далот дури 30 минути помина во салон за убавина, а исто така фотографите го забележаа со мобилниот во рака.

Пол Погба ќе го пропушти мечот против ПСЖ, зашто е суспендиран и тоа е дополнителен проблем за „цревените ѓаволи“.