Покажува дека е скромен човек: Фоторепортерите го уловија Солскјер на место на кое славните ретко би оделе (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неполни 24 часа по историскиот успех и победата против ПСЖ на „Паркот на принцовите“, тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер беше забележан како го носи своето сако на хемиско чистење.

Норвежанецот и покрај лошото време сам се погрижи да го однесе своето одело на чистење, нешто што воопшто не е вообичаено за големите ѕвезди како него кои знаат да живеат живот „на висока нога“.

Наместо тоа Оле покажува дека е вистински човек, предност која и тоа како ја забележува „обичниот“ народ.