„Солскјер, колку сакаш да ти биде платата?“ (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед го слави Оле Гунар Солскјер. Норвежанецот со „црвените ѓаволи“ направи вистинско чудо во Париз пред неколку дена и така доби големи симпатии од навивачите.

Иако ПСЖ имаше голема предност, тоа не им пречеше на Англичаните да слават со 3-1 и да направат изненадување.

По мечот владееше тага кај домаќинот, додека фудбалерите на Јунајтед и навивачите славеа. Гер Невил му поставуваше прашања на Солскјер по мечот.

„Колку сакаш да биде твојот договор? Колку голема плата сакаш? Каде сакаш да биде твојата статуа?“, праша Невил.

Солскјер се насмеа, па можеше да се забележи дека му одговараат ваквите прашања од легендата на Манчестер јунајтед.