Солскјер ги смири страстите во Манчестер и откри кој ќе изведува пенали!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер откри дека Пол Погба ќе изведува пенали во продолжение од сезоната. Французинот промаши три пенали сезонава, а последниот беше минатата недела против Саутемптон.

Англиските медиуми шпекулираа дека тоа предизвикало караница на „Олд Трафорд“, па за малку бил избегнат и физички контакт меѓу Погба и Ромелу Лукаку, кој му се налутил на Французинот поради тоа што не му дозволил да го изведе пеналот.

Од друга страна, Маркус Рашфорд го изведе својот прв пенал во дресот на Јунајтед во мечот против ПСЖ и така го донесе неговиот тим во четвртфиналето од Лигата на шампиони, но и покрај тоа Солскјер денеска изјави дека нема сомнеж кој ќе ги изведува пеналите и соопшти дека тоа ќе биде Погба.

„Секако дека нема сомнеж. Погба ќе ги изведува пеналите. Рашфорд има 21 година, секогаш има притисок, но тоа не можевте овојпат да го видите на него. Тој нема страв“, кажа Солскјер.