Јунајтед не останува должен: „Ѓаволите“ го „почестија“ Молде поради Солскјер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер ќе биде потврден како тернер на Манчестер јунајтед на постојан договор во наредните недели, зашто во моментов се смета како привремен стратег, кој пристигна од Молде во декември минатата година, па неговиот договор беше прекинат, зашто е спротивно на правилата да има договори со два клуба наеднаш.

Норвешките медиуми пишуваат дека не е реално Солскјер да се врати во Молде по одличните резултати на клупата на Јунајтед, па ќе биде именуван за нов тренер на постојано. Управата од „Олд Трафорд“ ги задржа добрите односи со Молде и многу се благодарни што му дозволија на Солскјер да се пресели во Манчестер.

Јунајтед не остана должен на Норвежаните, па клубот реши да го „почести“ Молде со шест милиони фунти. Тоа е само дел од 40 милиони фунти, колку што ќе им требаа на „ѓаволиите“ за ангажирање на Маурицио Покетино, тренерот на Тотенхем, кој постојано се поврзуваше со „жешкото“ столче.

Солскјер го прероди Јунајтед, па победи на 13 од 16 натпревари под водство на Солскјер и испиша историја во Лигата на шампиони, откако при негатива од 0-2 во првиот меч стигна до 3-1 против ПСЖ во Париз и така обезбеди пласман во четвртфиналето на елитното европско натпреварување, а во моментов е во добра позиција и во домашниот шампионат.