Солскјер надмудрен од Емери: Арсенал го совлада Манчестер јунајтед (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вистински спектакл беше одигран на „Емирати“ во Лондон меѓу Арсенал и Манчестер јунајтед, а на крајот славеа домаќините со 2-0.

Арсенал го почна одлично мечот против големиот ривал, па по 12 минути игра Гранит Џака постигна погодок за 1-0, по асистенцијата на Александре Лаказет.

„Ѓаволите“ се обидоа неколку пати да ја погодат мрежата на Бернд Лено, не едноставно не им одеше од рака, па казната стигна во 69. минута, кога Пјер-Емерик Обамејанг стрелаше од пенал за конечни 2-0.

Ова беше важна победа за „топчиите“, кои сега се на четвртата позиција во Премиерлигата, со два бода повеќе од петтопласираниот Манчестер јунајтед и три повеќе од шестопласираниот Челси, кој има одиграно и меч помалку.