Вардар го „избрка“ Каденас од Мешков Брест


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот тренер Маноло Каденас си замина од кормилото на Мешков Брест, откако беше поразен во полуфиналето на СЕХА-лигата од Вардар.

Мешков Брест имаше големи планови за сезонава, но лошите резултати им ги расипаа, па поради тоа Каденас се повлече од белорускиот тим, но во иднина ќе продолжи да ја предводи селекцијата на Аргентина.

Белорускиот тим до крајот на сезоната ќе го предводи Раул Алонсо, а уште една од причините поради неговото повлекување од клупата на Мешков Брест е елиминацијата од Фленсбург во Лигата на шампиони, па јасно му беше дека ги разочарал навивачите и не го исполнил очекувањето на раководстовото на тимот.