Лидс Јунајтед и Алиоски со голем кикс кој може да ги чини пласман во Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Лидс Јунајтед претрпе неочекуван пораз од 2:1 на домашен терен од тимот на Виган Атлетик.

Клубот од Јоркшир беше голем фаворит на оваа средба, прв дојде до предност, а речиси цел натпревар играше и со играч повеќе, па многумина мислеа дека ова ќе биде лесна задача.

Сепак, Виган со двата гола на Гавин Мејси стигна до голема победа на „Еланд Роуд“ која е и тоа како важна во трката за опстанок во Чемпионшип лигата.

Џани Алиоски го одигра целиот натпревар и имаше една голема шанса да го израмни резултатот, но голманот на гостите го одбрани ударот.

Со овој пораз, Лидс Јунајтед падна на третата позиција на табелата каде во овој момент се наоѓа Шефилд Јунајтед.