Никој не го „посрамотил“ Меси како што тоа го направи Кака во 2006 година!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот бразилски фудбалер Рикардо Кака вчера го прослави својот 36 роденден.

Кака кариерата ја заврши пред скоро две години во тимот на Орландо во МЛС лигата, но секако, најдобрите денови од својата кариера ги помина во дресот на Милан со кој освои се што можеше да освои.

Бразилецот после Милан одигра четири сезони во дресот на Реал Мадрид, но не успеа да го покаже тоа што со години го покажуваше на Сан Сиро во дресот на Росоњерите.

Кака со премногу успех играше и за репрезентацијата на Бразил каде што одигра 92 натпревари и постигна 29 погодоци. Но, многумина најмногу го паметат пријателскиот меч против Аргентина кој се одигра во 2006 година во Емиратите.

Тогаш Бразил ги порази Гаучосите со резултат од 3:0, а во дресот на Аргентина играше и Лионел Меси кој само што се појави на сцената. Кака му ја покажа својата големина и квалитет со неверојатниот соло-погодок за резултат од 3:0.

И покрај тоа што Меси сеуште беше тинејџер едноставно немаше ни сила, ниту пак брзина да го сопре овој неверојатен продор на Кака.