Клоп со коментар пред финалето во ЛШ: Не сум губитник!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред финалето во Лигата на шампиони, во кое од 21 часот во Мадрид ќе се пресметаат Ливерпул и Тотенхем, тренерот Јирген Клоп доби прашање за очајните настапи во мечовите за трофеи.

Клоп е одличен тренер, па во последните шест години играше неколку финалиња кои ги загуби.

„Не се чувствувам како губитник, ниту несреќник. Ако се чувствувам така, тогаш би имал проблем. Ако сум јас причина за тоа, тогаш сите ќе имаат проблеми. Во финалињата постојат моменти кога си среќен и когаш немаш среќа на своја страна, но тоа не може да се промени“, објасни Клоп.

Германскиот стратег во 2013 година го загуби финалето во ЛШ од Баерн, а идните две години губеше во финалето на германскиот Куп од Баерн и Волфсбург. Во 2016 година загуби во финалето на Лига Купот од Манчестер сити, а потоа и од Севилја, додека лани загуби од Реал Мадрид во ЛШ.