Џо Харт ја претстави својата нова бизарна тетоважа: Знам дека нема да им се допадне на сите, но….


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


32-годишниот Англичанец во понеделникот на својот Инстаграм профил објави фотографија од својата нова тетоважа која баш и не им се допадна на многумина.

Харт постави две фотографии на кои се гледа како тетоважата „оклоп“ го прекрива целото десно рамо и му се заблагодари на уметникот Хану Мантри за неговата работа.

Харт призна дека оваа тетоважа веројатно нема да им се допадне на многумина, но инсистирал дека таа го претставува него.

„Сега имам оклоп … да видиме што е следно“. Не е по сечиј вкус, го разбирам тоа, но дефинитивно ме претставува мене и ти благодарам што ова ми го овозможи“, беше коментарот на Харт.

Џо Харт некогаш беше прв голман на Сити, а од 2016. година тргнаа позајмиците во други клубови. Конечно, Барнли го доведе минатото лето за 3.9 милиони, а некогаш неговата цена беше 17 милиони евра.