Познато име на македонската ракометна јавност го менува Карачиќ во Вардар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Игор Карачиќ после седум години си замина од Вардар и остави голема празнина во шампионскиот тим на „црвено црните“.

Неговото место следната година би требало да го пополни искусниот Павел Атман кој и е познат на скопската публика откако ги освои симпатиите носејќи го дресот на Металург.

Атман доби раскин на договорот од бундеслигашот Хановер, па ќе има одврзани раце да се врати во Скопје и да го облече дресот на европскиот шампион.

Позитивно е тоа што рускиот ракометар одлично покрива на позициите среден и лев бек и може да биде адекватна замена за Карачиќ.3