Скубе потпиша договор со Вардар до 2022


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Словенечкиот интернационалец Сташ Скубе ќе остане во Вардар до 2022 година, откако го продолж договорот со европскиот шампион.

Скубе пристигна лани во таборот на „црвено-црните“ и веднаш стана миленик на публиката, а исто така со неговите настапи му помогна на Вардар да ја освои својата втора титула во Лигата на шампиони.

Словенецот беше одличен во елитното натпреварување, кадешто постигна 59 гола, додека постигна 44 погодоци во СЕХА-лигата, кадешто Вардар го освои трофејот.

„Црвено-црните“ имаа навистина успешна сезона, па го освоија македонскиот Суперкуп, како и домашното првенство, па СЕХА-лигата и на крајот Лигата на шампиони.

Од таборот на Вардар соопштија дека се среќни што се договориле со Скубе и со тоа што Словенецот ќе остане во клубот до 2022 година.