Халеп е машина: Романката за 56 минути ја декласираше Серена Вилијамс на Вимблдон!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Симона Халеп е нова освојувачка на Вимблдон, откако ја совлада Серена Вилијамс со убедливи 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-2.

Халеп влезе одлично во мечот, па беше сигурна на свој сервис, но успеа и да ги врати речиси сите незгодни удари на Американката.

Романката за само 11 минути стигна до 4-0, по што Серена освои еден гем, но Халеп продолжи со одличната игра и стигна до 6-2.

Во вториот сет, Серена се држеше подобро (2-2), но потоа Халеп направи брејк и со нова доминација стигна до 6-2, па така експресно, односно за само 56 минути успеа да ја совлада една од најдобрите тенисерки во историјата на тенисот.