Фелипе Луис има нов клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот дефанзивец Фелипе Луис пронајде нов клуб.

Некогашниот лев бек на Атлетико Мадрид и Челси се врати во татковината и потпиша за Фламенго, пренесува ЕСПН.

Да потсетиме, на 33 годишниот фудбалер на крајот од минатата сезона му истече договорот со Јорганџиите и се одлучи за враќање во татковината.

Овој трансфер Луис го наговести и пред два дена кога официјално се прости од Атлетико.

„Фан на Фламенго сум од детството. Не беше лесно да се донесе ваква одлука и заминување од Атлетико Мадрид, но сакам да ја завршам кариерата во Бразил“, изјави Луис.

Инаку, тој со бразилската екипа потпиша договор на 2 и пол години и веројатно ќе остане до крајот на својата кариера.

Тој со Атлетико и Челси освои бројни трофеи, а се издвојуваат освојувањето на Ла Лига и Премиер лигата. Тој уште има играно за Фигуриенсе, Ајакс, Реал Мадрид Б и Депортиво.

За Бразил има запишано 44 настапи и постигнати 2 гола.