Лука Јовиќ го започна мечот, па излезе после 16 минути


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лука Јовиќ ова лето стигна во Реал Мадрид од Ајнтрахт за 60 милиони евра.

Од младиот фудбалер се очекува многу, но засега во припремните натпревари не игра според очекувањата.

Против минхенски Баерн не се прослави. Одигра слабо второ полувреме, а во синоќешниот дуел против Арсенал, Јовиќ започна од првата минута, меѓутоа после само 16 минути игра мораше да го напушти теренот.

После почетничките грешки на Начо откако доби црвен картон, Зидан мораше да менува нешто, па одлучи да го жртвува Јовиќ, а на негово место влезе Варан.

Сепак нема дилеми, Јовиќ ќе добие доста шанси кај Зидан. Сеуште е предсезона и од него треба да се очекуваат голови како сезоната ќе одминува.