13-годишно момче стана европски шампион во скокови во вода


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Светот на скоковите во вода имаат нов сениорски европски шампион. Украинското момче Олексеј Серед урна рекорд и стана нов владетел на скокови од десетметарска платформа.

Серед стана најмладиот скокач во историјата кој успеал да освои европско злато меѓу сениори со само 13 години и седум месеци. Претходниот рекордер беше Том Дејли, кој во 2008 година освои европско злато на 13 години и 10 месеци.

Украинскот спортист освои 488,85 бодови во финалето во Киев, а сребрен медал освои Бенџамин Офрет со 474,90. Додека бронзениот медал му припадна на Руслан терновои со 445,25 бодови.

Укранецот продолжува со фантастичната форма, откако пред една недела го освои четвротот место на Светското првенство. Тој сега се подготвува за настап на Олимписките игри во Токио следната сезона.