Роналдо преку трофеите во Лигата на шампионите објасни каква е разликата помеѓу него и Лионел Меси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо уште еднаш најде можност да се спореди со Лионел Меси и даде интересна изјава.

Португалецот зборуваше во документарецот наречен „The Making Of“ и ја објасни разликата помеѓу него и ѕвездата на Барселона.

“Разликата со мене е во тоа што играв во различни клубови и исто така ја освоив Лигата на шампионите со различни клубови. Шест пати по ред бев најдобар стрелец во Лигата на шампионите”.

„Нема многу играчи кои имаат пет шампионски титули и затоа се поистоветувам со ова натпреварување“, рече Кристијано, но го пофали и играчот на Барселона.

„Меси е одличен играч кој ќе остане запаметен не само по Златните топки, туку и за тоа што секогаш од година во година е подобар, како и јас“.

Кристијано Роналдо досега пет пати ја освои Лигата на шампионите, четири пати со Реал Мадрид и еднаш со Манчестер Јунајтед, а сега сака истото да го стори и со Јувентус.

Лионел Меси, од друга страна, се искачи четири пати на врвот на Европа со Барселона.