Хамилтон ја откри тајната на успехот на Мерцедес


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луис Хамилтон и Мерцедес се на вистински пат да ја одбранат титулата во двете конкуренции.

Одличниот Британец победи на осум трки оваа сезона, а тајната на успехот ја гледа во тоа што во Мерцедес никогаш не се задоволни.

„Она што е одлично во овој тим е тоа што мислам дека никогаш нема да бидеме задоволни. Дури ако и понекогаш сме потполно „надиграни“ ние се враќаме со ист менталитет“, реќе Хамилтон и додаде:

„Имавме многу успеси, но сеуште сите работат еднакво напорно и никој не мисли дека е подобар од останатите. Сите помагаме едни на други ако паднеме“.

Инаку, во досегашниот дел од сезоната две победи има и тимскиот колега на Хамилтон, Валтер Ботас.