„За ПСЖ никој не знаеше, тоа беше моето изненадување!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Агентот на Мауро Икарди, Ванда Нара беше во центар на внимание во летниот преоден рок. Нејзиниот сопруг беше постојано на прагот да замине, иако таа одбиваше да потврди, по што Аргентинецот во последен момент се пресели на позајмица во ПСЖ.

Ванда вели дека таа опција ја чувала за крајот, односно не сакала на никого претходно да му ја открие.

„Чекав до последен момент, а причината е тоа што имав изненадување. Никој не го знаеше тоа, дури ниту децата. Мауро го спакува куферот и ми остави јас да му договорам трансфер. Децата одат во училиште во Италија, па така ќе мора да живееме меѓу Париз и Милано. Од три опции кои беа во игра, ПСЖ беше најлоша за мене, зашто морам да живеам со децата во Милано“, вели Ванда.