Поради што Румениге му се извини на Нико Ковач?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативен Иван Перишиќ на почетокот на оваа сезона го напушти Интер и одлучи својата кариера да ја продолжи во Баерн.

Многумина беа изненадени бидејќи германскиот клуб одлучил да го ангажира Перишиќ и навивачите на овој клуб нашле голема замерка на оваа одлука на управата на клубот.

Германските медиуми откриле дека Нико Ковач со сите сили посакувал Перишиќ да заигра на Алианц Арената и успеал да го наговори Хасан Салихамџиќ да го исконтактира Интер и да го остварат овој трансфер.

Откога пристигна во Баерн, многумина беа скептични за доаѓањето на Перишиќ, а во неговото доаѓање се сомневал и претседателот на овој клуб Румениге кој бил против овој трансфер.

Меѓутоа, откако Перишиќ одигра неколку многу добри партии на почетокот на сезоната, покажа дека тој не е без причина на тоа место. Угледниот медиум Bild објави дека Румениге му се извинил на Ковач поради тоа што бил упорен за да се доведи Перишиќ.

Перишиќ во Баерн пристигна на едногодишна позајмица од Интер, а германскиот клуб наредното лето ќе има опција да го откупи неговиот договор за 20 милиони евра.