Дибиров си најде место во топ-5 стрелци во ЛШ! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Актулениот европски шампион Вардар по три одиграни кола во Лигата на шампиони оствари три победи, па тие ветуваат дека повторно ќе играат фајнл-фор во елитното европско натпреварување.

Еден од најдобрите ракометари во моментов на Вардарци е Тимур Дибиров, кој си најде место во топ-5 најдобри стрелци во европското натпреварување.

Искусниот ракометар постигна 20 гола во трите меча против Монпеље, Порто и Мотор Запорожје, па заедно со Амине Банур и Јакобсен го дели третото место.

На првото место се наоѓа Бартолд со 21 погодок, колку што има и Радивојевиќ.